вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 91
home Вести

Мицкоски до Заев: Ќе направиме и селфи, ама прво да ги вратиш оние 8 ипол милиони евра од Глобал што ги украде заедно со Вице

Мицкоски до Заев: Ќе направиме и селфи, ама прво да ги вратиш оние 8 ипол милиони евра од Глобал што ги украде заедно со Вице

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жителите на општина Зрновци.

Мицкоски посочи дека граѓаните се соочуваат со големи неправди кои што им ги прави владата на СДСМ и Зоран Заев.

-Неправда е кога неправда е кога наместо повисоки пензии, се даваат тендери и бизниси на Вицето. Неправда е кога ќе ветите добра бизнис клима а ќе покачите даноци. Неправда е кога ќе излажете дека ќе влезе нова германска инвестиција, а таа ќе инвестира во соседна држава. Неправда е кога младите си одат од земјава, мајките плачат, а Мира Дизел си запослува половина фамилија. Неправда е кога студент со 10 просек си не може ни да се прехрани, ама децата на власта одат на сапи одмори. Неправда е кога имаме криминални иновации наместо вистински иновации и напредок. Неправда е кога ќе велат дека ќе им дадат повисоки субвенции на земјоделците, а тие не може ниту да ги продадат производите, вели Мицкоски.

Мицкоски пред присутните ја искоментира и вчерашната изјавата на Заев и побара прво Заев да ги врати 8.5 милиони евра од Глобал, а потоа и оние едно евро за Вицето едно евро за црквата што ги бараше на видео снимката, па дури тогаш ќе се слика со него, а се до тогаш ќе му остане само да се радува на сликата со Ципрас.

-Вчера го гледам Зоран Заев заедно со оној негов деспотски избран кандидат  Стево Пендаровски, во полупразната сала Борис Трајковски како вели еве да не сум се грижел и со мене ќе направел селфи.  Еве ќе ја искористам оваа прилика овде во Зрновци пред вас, пред овие домаќини, пред овие дечиња, пред овие домаќинки, пред овие вредни луѓе, честит луѓе да му одговорам на неговата нечестита понуда. Нема проблем ќе направиме и селфи, ама прво да ги вратиш оние 8 ипол милиони евра од Глобал што ги украде заедно со Вице, а потоа ќе му кажеш на Вице сите оние евро за евро што ги зема за него и за црквата да ги врати назад кај граѓаните, па дури потоа јас и ти господине  Зоран Заев ќе правиме селфи, а дотогаш ќе ора на телефонот да му се радуваш на селфито со Алексис Ципрас, кажа Мицкоски.

Тој побара од граѓаните на 21-април да дадат поддршка на кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова, бидејќи само така ќе го исполнат сонот за Македонија, а тоа е конечно Македонија и граѓаните да се ослободат од неправдите и криминалите на актуелната влада.

Најнови вести

Коронавирус