среда, 8. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Мицкоски до Заев: Излезе Боки со кој се сликавте и кажа дека сите пари завршиле кај вас

Мицкоски до Заев: Излезе Боки со кој се сликавте и кажа дека сите пари завршиле кај вас

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во дуелот на ТВ 24, одговори на обвинувањата на Заев за нелегалното финансирање на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека Државниот завод за ревизија извршил ревизија и донел ревизорски извештај во кој стои дека нем никакво кршење на законите.

-Излезе Државниот завод за ревизија и донесе ревидиран ревизорски извештај во кој што јасно стои кој и како го крши законот. Никаде напротив вика дека е уредно финансирањето, погледајте имате луѓе таму ќе ви го дадат, рече Мицкоски.

Мицкоски го потсети Заев дека кога веќе зборува за кршење на законите да се присети и на првоосомничениот во случајот рекет Бојан Јованоски со кој што Заев се сликал, се дружел, а за кој Боки во судница изјавил дека паритет од рекетираните бизнисмени завршиле токму кај Заев.

-Кога сме кај кршење на законот, излезе еден господин кој што сред суд рече сите рекетирани пари во оваа држава завршуваат и барајте ги кај… Еве нема да го споменувам семејството, му рече Мицкоски на Заев.

Мицкоски уште еднаш му предочи на Заев:

-Господине Заев излезе еден господин со кој што се гордеевте, се сликавте, се гушкавте и една госпоѓа и рече на последното соочување со судијата, кога судијката излезе и ги прочита казните и за едниот и за другиот, значи двајцата со кои вие гордо се сликав те, со кој што водевте кампања, луѓе кои што ви беа главна перјаница, истакна тој.

Парламентарни избори 2020