понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 62
home Вести

Мицкоски до Заев и СДСМ: Бидејќи зборувате за лицемерие, лицемерие е кога сте опозиција да им кажете на лозарите дека ќе имаат загарантиран откуп, а кога сте премиер да бегате од тие ветувања

Мицкоски до Заев и СДСМ: Бидејќи зборувате за лицемерие, лицемерие е кога сте опозиција да им кажете на лозарите дека ќе имаат загарантиран откуп, а кога сте премиер да бегате од тие ветувања

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостувањето во вестите на Телевизија Телма одговори на прозивките од страна на СДСМ. Тој нагласи дека СДСМ не може да зборува за лицемерие бидејќи, нивниот претседател Зоран Заев додека бил во опозиција давал многу ветувања, за сега кога е власт и кога ги има сите ресурси и алатки да не реализира ништо од ветеното, што според Мицкоски преставува лицимерие.

-Лицемерие е кога ќе дадете безброј ветувања кога сте во опозиција, а кога ќе дојдете да ја предводите владата и кога ќе ги имате сите алатки, тие ветувања да не ги реализирате, тоа е лицемерие, вели тој.

Мицкоски ја спомена и актуелната ситуација во земјоделието и проблем со откуп на земјоделските производи. Според него лицимерно е од страна на Заев во опозиција да им ветува на земјоделците загарантиран откуп по загарантирана откупна цена, додека сега како премиер да ги моли да го разберат зошто не може да си ги исполни дадениот збор, како што вели тој лицемерно е во опозиција да ветување, а кога ќе дојдете на власт да бегате како ѓавол од темјан

-Лицемерие е да им кажете на лозарите кога сте опозиционер дека ќе имаат загарантиран откуп по загарантирана цена, а сега кога сте премер на државата да отидете и да ги молите да ве разберат дека тоа грозје не било ниту од татко ви, ниту од дедо ви во кои што се колневте, а целата македонска јавност гледаше како лажевте. Тоа е лицемерие. Лицемерие е да ветувате едно додека сте опозиционер, а кога ќе дојдете на власт да бегате од тие ветувања како ѓавол од темјан, рече претседателот Мицкоски.

Коронавирус