вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 40
home Вести

Мицкоски до Заев: Го уништивте идентитетот и ни ги избришавте корените, се борите само за власт и пари

Мицкоски до Заев: Го уништивте идентитетот и ни ги избришавте корените, се борите само за власт и пари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дуелот со Зоран Заев на Канал 5 телевизија посочи дека, премиерот е човек со неконзистентни ставови.

Во неколку наврати Мицкоски ги посочи неговите ставови околу промената на името на државата, предвремените парламентарни избори како и преговорите околу реформските закони во правосудството.

Откако се вжешти атмосферата како резултат на фактите кои ги посочи Мицкоски во однос на неконзистентните изјави на Заев, тој започна со навреди, на што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му одговори:

-Вие докажувате дека се борите за пусти пари. Вие докажувате дека се борите за власт и пари, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Идентитетот претходно беше потврден, вие го уништивте господине Заев.  Им ги избришавте корените на нашите деца, изјави  Мицкоски.

Мицкоски истакна дека договорот кој што го потпишаа СДСМ и Зоран Заев со Грција е капитулантски чин, на тој начин се себеодрекуваме и ВМРО-ДПМНЕ  во ниту еден момент нема да го прифати со оваа содржина каков што е ваков.

-Таа содржина на овој договор не само што не ги заштитува нашите национални интереси, туку напротив вековно се одрекуваме.  Не нуди иднина и дополнително ги комплицира процесите.  Според овој договор ние сме Македонци како во резерват во овие 25.000 квадратни километри, вели Мицкоски.

Тој исто така го запраша Заев што се случи со македонската жица во која се колнеше во сопствените деца и предци дека нема жив човек кој ќе го смени името и го запраша Заев ако договорот е добар да одговори  на кој јазик зборуваат Македонците во Грција.

-На кој јазик зборуваат луѓето во Воден, а е различен од тој кои што го зборуваат Грците? Се срамите се плашите, се плашите не сакате за изустите дека Македонците во егејска Македонија зборуваат македонски јазик, истакна Мицкоски.

Мицкоски, додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи напорно и ќе ги исправи сите грешки од договорот, односно како што рече тој ништо не готово иако некои ве убедуваат дека се е завршено.

На прашањето какви се намерите на  ВМРО-ДПМНЕ кон Преспанскиот договор и дали ќе го почитува доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ од самиот почеток не го поддржува овој капитулантски договор.

-Договорот којшто го потпиша СДСМ и Зоран Заев со нашиот јужен сосед, од самиот почеток кажавме дека тоа за нас е капитулантски чин, дека на тој начин практично ние се себеодрекуваме и дека во нити еден момент не сме подготвени да го прифатиме со оваа содржина, каков што е таков. Имавме прилично кристално јасен став, дека таа содржина на овој договор не само што не ги заштитува нашите национални интереси, туку напротив, вековно се одрекуваме, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој рече дека помеѓу Македонија и Грција бил потребен договор, но не ваков со сите овие импликации кој е комплетно погрешен и ги комплицира процесите во иднина.

Коронавирус