четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 4
home Вести

Мицкоски до Заев: Ги претскажувавте пресудите, му се заканивте на Чавков да ја напушти државата!

Мицкоски до Заев: Ги претскажувавте пресудите, му се заканивте на Чавков да ја напушти државата!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот ТВ дуел со Зоран Заев рече дека остро го осудува чинот на преку два века казна дадена на луѓе коишто не примениле насилство за 27-ми април во 2017 година.

Имено тој посочи дека  од друга страна има повратници  од боиштата во Сирија и Ирак, припадници на ИСИС кои  добиле трипати помала казна од Горан Ангелов,  Ченто, Митко Чавков, Митко Пешов и останатите коишто се таму.

Во врска со казните изречени за настаните од 27 Април, Мицкоски кажа дека Заев точно ги знаел годините што ќе се кажат за пресудите од 27 Април.

-Па вие му се заканивте да бега од државата на Митко Чавков на 28-ми април 2017-та година, тоа го има на прес конференција каде вие го кажувате сето ова, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека таа закана од страна на Заев добила ефект.

Коронавирус