вторник, 11. август 2020. Вести денес: 105
home Вести

Мицкоски до стопанствениците: Ветуваме стабилна економија на ниски даноци и поддршка за стопанството со инвестиции од 4 милијарди евра

Мицкоски до стопанствениците: Ветуваме стабилна економија на ниски даноци и поддршка за стопанството со инвестиции од 4 милијарди евра

Доста е веќе од неправди и измами, време е да се исправиме и да исправиме се! Драги стопанственици и бизнисмени, она што денес го имате е несигурност, високи даноци, рекет на секое ниво, нелојална конкуренција и политички притисоци, вели во своето најново видео обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Ве гледам во очи и се обврзувам. Време е за стабилна економија на ниски даноци, намален рамен данок на ниво од 8%, поддршка за стопанството со инвестиции од 4 милијарди евра, годишен раст од 4%, укинување на бројни бирократски процедури и давачки и нулта толеранција на корупцијата.

Огромен број на проекти кои ќе значат работа и профит за сите.

Црвениот телефон на притисоци кон бизнисмени ќе биде минато. Ова е време на одлуки. Исправи се Македонијо! Одбери Обнова, вели Мицкоски во своето видео обраќање до стопанствениците.

Коронавирус