недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 79
home Вести

Мицкоски до СДСМ: Вие нудите иднина откажувајќи се од минатото, за нас минатото е наша гордост со која ќе градиме европска иднина

Мицкоски до СДСМ: Вие нудите иднина откажувајќи се од минатото, за нас минатото е наша гордост со која ќе градиме европска иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од митингот во Радовиш рече дека тој и ВМРО-ДПМНЕ ја гледаат Македонија како држава на богати и задоволни граѓани, додека СДСМ и Заев Македонија ја гледаат само како земја на бизнис интереси.

-Затоа што вие со полни вреќи пари сакате да одите во иднината, а ние сакаме Македонија да ја видиме иднината достоинствена, честита и земја во која што секој ќе се гордее со сопствената држава. Вие иднината ја гледате за да пљачкате и богатите, а ние иднината ја гледаме Македонија богата земја и земја на богати граѓани, вели Мицкоски кој потенцираше:

„Вие нудите иднина откажувајќи се од минатото, за нас минатото е наша гордост со која ќе градиме европска иднина минатото е нашето едро.“

Коронавирус