вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Вести

Мицкоски до Османи: Груба провокација е да се кажува дека Илинден е празник и на Бугарите, вистината е дека биле окупатори кои биле поразени

Мицкоски до Османи: Груба провокација е да се кажува дека Илинден е празник и на Бугарите, вистината е дека биле окупатори кои биле поразени

Илинден е важен ден за Р.Бугарија, понатаму ќе каже “заедничка историја” министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, коментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во продолжение, прочитајте го неговиот Фејсбук статус: 

Една кратка историска лекција: Св. Илија/Илинден во револуционерна и политичка смисла на зборот може да биде важен за Бугарија само како дел од нивните учебници каде се изучува правилно историјата на македонскиот народ и граѓаните на Македонија, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми и останати и нивната автентична борба за сопствена македонска држава во срцето на Балканот. Заедничка може да биде нашата историја во географска смисла бидејќи двата народи и двете држави припаѓале и припаѓаат во географската целина балкански полуостров, но никако и политичка.

Зошто? Ако се иземе периодот од 1941-1944 кога бугарските фашисти ја окупирале територијата на денешна Македонија и биле поразени и протерани, никогаш пред, но и после тоа не сме биле во заедничка политичка и уставна држава заедно за да имаме “заедничка историја”.

Ова е груба провокација од министер во влада на Македонија кон македонскиот народ и непочитување на историјата, традицијата и жртвата за независна и суверена македонска држава. Очекувам извинување веднаш и јасно правење разлика од “заедничката историја” во географска од политичка смисла на зборот. Во спротивно уште на локалните избори македонскиот народ во Тетово, Гостивар, Чаир, Струга, Дебар, Теарце….,  гласно ќе проговори за оваа груба провокација на Бујар Османи…

Коронавирус