петок, 14. август 2020. Вести денес: 8
home Вести

Мицкоски до невработените: Се обврзувам дека ќе стимулираме отвoрање на нови работни места и инвестиции од над 4 милијарди евра

Мицкоски до невработените: Се обврзувам дека ќе стимулираме отвoрање на нови работни места и инвестиции од над 4 милијарди евра

Доста е веќе од неправди и измами, време е да се исправиме и да исправиме се!, вели во своето видео обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и воедно кандидат за премиер Христијан Мицкоски.

-Драги сограѓани, кои поради лошите политики на власта и лошата економска клима сте без работно место. Вам ви е најтешко и ве разбирам. Се обврзувам пред вас дека ќе стимулираме отварање на нови работни места на домашни инвеститори, но и ќе привлечеме странски и домашни инвестиции од над 4 милијарди евра, со цел да ја намалиме невработеноста под 10%, вели во своето обраќање Мицкоски

-Нашата цел е да создадеме услови во Македонија, за секој кој сак да работи, да има каде да се вработи, но и да има можност да отвори сам свој бизнис. Нашата грижа ќе биде насочена и кон социјално ранливите групи, лицата со попреченост и многу други, кои не по своја волја не можат да заработат за себе, и државата е должна да се грижи за егзистенција, вели тој.

Создаваме за сите. Ова е време на одлуки. Исправи се Македонјо! Одбери обнова, повикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Коронавирус