понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски до невработените: Не ги прифаќајте оние лаги на власта дека само што не ни тргнало подобро

Мицкоски до невработените: Не ги прифаќајте оние лаги на власта дека само што не ни тргнало подобро

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во својот говор вечерва им се обрати и на невработените граѓани.

-Ќе се обратам и до невработените. Не ги прифаќајте оние лаги на власта дека само што не ни тргнало подобро, а 2 години одиме само назад. Македонија со оваа власт инвеститорите ја заобиколуваат, а единствено има работа за фирмите блиски до власта.  И знам дека седите и очајувате, и дека навидум ви изгледа безнадежна ситуацијата, но еве заеднички ви ја покажуваме надежта е почетокот на падот на оваа власт. Тоа е надежта во Македонија и предвесникот на промените кои многу скоро ќе се случат, посочи Мицкоски.