среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 149
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Мицкоски до наставниците: Се обврзувам владата на ВМРО-ДПМНЕ да го испочитува Колективниот договор, тоа ќе биде реално покачување и чекор плус за помотивиран образован кадар

Мицкоски до наставниците: Се обврзувам владата на ВМРО-ДПМНЕ да го испочитува Колективниот договор, тоа ќе биде реално покачување и чекор плус за помотивиран образован кадар

Покачувањето по мене е минимално и не е она кое што го бараше синдикатот и просветните работници, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета во Ресен.

Мицкоски истакна дека со доаѓање на власт на ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе се работи за исполнување на обврските од Колективниот договор за покачување на платите на просветните работни и работниците во детските градинки

Покачувањето по мене е минимално и не е она кое што го бараше синдикатот, но ако ова е доволно за синдикатот и вработените јас можам само да кажам дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе поработи на исполнување на она кое што е дел од Колективниот договор, а не ваков тип на преговори и разговори под притисок и уцени од страна на оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ, туку да го испочитува Колективниот договор онаков каков што е усвоен во минатото. И мислам дека та ќе биде еден чекор плус за да имаме мотивиран и образовен кадар во градинките. Тоа е она што јас можам да се обврзам за тоа што ќе направиме во иднина. А што се однесува до овие 15 проценти, тоа не е она кое што го бараа просветните работници, работниците во градинките, но ако синдикатот е задоволен, ако тие се задоволни од ова тогаш јас можам само да ги поддржам како што ги подржував од самиот почеток на овие протест, истакна тој.

За изјавата на Димитар Ковачевски дека е постигнат историски договор со СОНК во однос на платите, претседателот Мицкоски потенцираше дека за него единствено историски белег од овие преговори ќе останат уцените, заканите, омаловажувањата и понижувањата од страна на владата кон просветните работници.

-За мене се историски турбуленциите и понижувањата кои што оваа влада ги направи кон синдикатот, просветните работници и работниците во детските градинки, луѓето кои што треба да се мотивирани и кои што треба да бидат столб на една држава, бидејќи тие ги образуваат идните кадри и во пред школската возраст, а потоа и како основци и дел од средното образование и ние понатаму како професори на универзитетите, рече тој.

-Историски беше по мене она кое што го лиферуваше владата изминатиот период во јавноста со многу навреди кон тие луѓе, со многу негирања, со многу понижувања и омаловажувања и тоа за мене ќе остави историски белег, но тој белег со една голема горчина навистина ќе остави трајни последици, смета претседателот Мицкоски.

Коронавирус