петок, 30. јули 2021. Вести денес: 159
home Вести

Мицкоски до граѓаните: Вие никогаш до сега не ја разочаравте Македонија, а сега Македонија не смее да ве разочара вас

Мицкоски до граѓаните: Вие никогаш до сега не ја разочаравте Македонија, а сега Македонија не смее да ве разочара вас

Битола е град на културата, на револуцијата и на македонскиот копнеж. Ќе го вратиме сјајот во Битола. Ќе овозможиме обнова преку подобри услови за живот, ново автопатско поврзување на Битола со Скопје преку Прилеп и Велес. Преку изградба на автопатот кој е планиран во проектот Обнова на Македонија, од Скопје преку Велес, Прилеп до Битола и границата со нашиот јужен сосед. Гасификација на Битола, но вистинска гасификација, не онаа која е ветувана со години, а никогаш не е испорачана.  Бесплатен приклучок за секое семејство, пола од трошоците за енергетска фасада и прозорци покриени од државата. Ревитализацијата и модернизацијата на ТЕЦ Битола, за почист воздух во Битола, модернизација на фудбалскиот стадион во Битола, осовременуѕвање на културните установи во Битола и многу други проекти и содржини. Културата и поддршката на туризмот и младите ќе биде нашиот фокус, но што би зборел за култура повеќе од еден Игор Дурловски кој највеќе знае и умее за оваа област кој е носител во изборната единица 5.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на промоцијата на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ: Проект Обнова – се обврзуваме, која се одржа во Битола.

-Народот на Македонија дава постојано за оваа земја цели 30 години. Сега е време Македонија да ви врати. Вие никогаш до сега не ја разочаравте Македонија, а сега Македонија не смее да ве разочара вас. За да ги менуваме работите мора да имаме сон. Јас тој сон со сета моја сила ќе се трудам да го остварам. Имаме стратегија, план и конкретни чекори. Имаме срце и знаење за големи чекори. Македонија ќе се исправи и мојата генерација мора да успее. Вистински ќе помогнеме да се смени она што со децении ве мачи. Сега е време на одлуки. Време е да ја видиме Македонија каква ја сакаме и заслужуваме. Судбината е во рацете на народот. Македонија во која ќе има нула толеранција спрема корупцијата и криминалот, држава во која сите ќе бидат еднакви пред законот и ќе нема едни кои се пред другите, рече тој.

Порача дека успехот е резултат на правилен избор на повеќе одлуки и подразбира многу работа, решавање на многу предизвици.

Им порача на граѓаните: „Можете да ја прифатите тешката реалност, но и можете да ја промените. Вашиот глас ја носи промената, а изборот е обнова. Обновата доаѓа и обновата ќе победи“.

Коронавирус