среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 150
home Вести

Мицкоски до Гертруд вoн дер Лејен: Заедно ќе работиме за интегрирање на мојата земја во семејството на ЕУ поради европската перспектива на целиот регион

Мицкоски до Гертруд вoн дер Лејен: Заедно ќе работиме за интегрирање на мојата земја во семејството на ЕУ поради европската перспектива на целиот регион

Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ сакам да Ви ја честитам номинацијата за нов претседател на Европската Комисија која треба да ја предводи Европската Унија во наредниот период. Убеден сум дека со Вашите човечки и професионални квалитети ќе оставите значаен белег во развојот на Унијата, надминувањето на предизвиците како и поблиско интегрирање на државите базирано на европските вредности, стои во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски до Урсула Гертруд вoн дер Лејен.

-Потпирајќи се на моите позитивни впечатоци од нашата средба во Скопје, убеден сум дека со истиот жар и посветеност ќе работиме за интегрирање на мојата земја во семејството на Европската Унија поради европската перспектива на целиот регион и создавање на оптимизам кај граѓаните и покрај сериозните пропусти, недостатоци во функционирањето на системот кои мора да се надминат, се потенцира и се додава:

„Ќе продолжиме со несмалена енергија да соработуваме и во рамките на сестринската Европска Народна Партија која со Вашето номинирање добива уште еден значаен сегмент и обврска во градењето на Европската перспектива на сите држави од Европа. Очекувам во блиска иднина да имаме можност за наша заедничка средба, која ќе даде силен импулс во односите и ќе биде во интерес на европската иднина на земјата“.

Коронавирус