сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мицкоски: Дескоска самата на себе го прекршува законот

Мицкоски: Дескоска самата на себе го прекршува законот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање ја прокоментира одлуката за назначување на Рената Дескоска во Венецијанската комисија, со оглед на тоа што тоа се случува 3-4 месеци пред изборите.

-Видете, тоа е скандалозно само по себе, ние и тогаш тоа го коментиравме што не отстапи од министерската позиција и еве ја користам оваа прилика и друга анализа да кажам, бидејќи тоа сме го зборувале и во рамките на партијата, но и во разговори со моите стратешки соработници и со правната комисија. Ако го погледате законот за антикорупција членот 44 став 2, ќе видите дека тоа е недозволено и дека има сериозен конфликт помеѓу лице кое што е веќе избрано од страна на Владата или Собранието за да биде после од истата Влада предложено на друга функција. Замислете човек кој себеси се нарекува познавач врвен европски познавач на правото прави правен фаул за себе. И ние треба да имаме доверба. Ние сега треба да имаме доверба во овој предлог кој што таа како орган во министерството кое што го има го предлага, мислам тоа е навистина надвор од било каква логика. Кога на самата себе го прекршува законот, рече Мицкоски и додаде:

„Еве ја повикувам ДКСК по допрен глас, нели иако тие обожуваат веќе неколку месеци таму немаат одржано седница, претпоставувам сега ќе се интензивизираат пред изборите, и наеднаш ќе има наплив на седници во ДКСК. Но на една од тие седници, најчесто ќе бидат случаи против мене или против ВМРО-ДПМНЕ, еве ги охрабрувам по овој допрен глас да одржат седница и да истражат дали е во конфликт со законот за антикорупција, односно спречување на корупција себе номинирањето на избран функционер од истата таа Влада за претставник во Венецијанската комисија. Еве нека го истражат тоа и нека излезат, ако сум јас во грешка, ако сме ние во грешка тогаш ќе имаме доблест да признаеме, но ако не сме во грешка тогаш да видиме конечно некаква одговорност. Еве сега сум убеден дека ќе ги засилат состаноците, иако неколку месеци нема никаква активност таа иста комисија“.

Коронавирус