недела, 25. август 2019. Вести денес: 23
home Вести

Мицкоски: Денеска Заев пропушти исклучителна важна и значајна можност за да зборуваме за развојот на Република Македонија и нејзината иднина

Мицкоски: Денеска Заев пропушти исклучителна важна и значајна можност за да зборуваме за развојот на Република Македонија и нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање вели дека прес-конференцијата на Заев било типичен пример како не треба да се обраќа и да се однесува претседател на владата.

-Видете со денешниот прес практично видовме како не треба да изгледа една прес конференција на Претседател на Владата на Република Македонија. Тоа беше типичен пример како не треба да се обраќа и како не треба да се однесува Претседателот на Владата. Бидејќи он неколку демократски принципи прекрши со денешната прес конференција. Но основниот принцип кој што го прекрши, а воедно и ја потврди тезата на ВМРО-ДПМНЕ во минатото е дека навистина постоело Русковска обвинителство. Ние во минатото зборувавме дека имаме исклучително корупирано специјално јавно обвинителство кое што е под палката на Катица Јанева и сите оние нејзини помошници таму, видовте времето покажа дека нашите тврдења биле точни. А, денеска самиот премиер ги потврди оние наши тврдења дека директна спрега постои помеѓу владејачката партија СДСМ и Русковска обвинителството, вели Мицкоски.

Тој додава дека за жал, за жал ќе повторам денеска премиерот пропушти исклучителна важна и значајна можност за еден државнички прес, за едно државничко обраќање како премиер на сите граѓани во Република Македонија, заеднички да може да направиме чекор напред, да зборуваме за равојот на Република Македонија, за иднината на Република Македонија. Но видовме дека едноставно човекот не може да излезе од партиските спреги и партиските интереси.