петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 184
home Вести

Мицкоски денеска оствари средби со директорот на ИРИ за Европа, регионалниот директор на НДИ, како и рускиот амбасадор

Мицкоски денеска оствари средби со директорот на ИРИ за Европа, регионалниот директор на НДИ, како и рускиот амбасадор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари повеќе билатерални средби со директорот на ИРИ за Европа, Пол Мекарти, регионалниот директор на НДИ, Роберт Бенџамин како и со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.

-Денеска остварив повеќе билатерални средби, со директорот на ИРИ за Европа, Пол Мекарти, регионалниот директор на НДИ, Роберт Бенџамин како и со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.

Теми на средбите беа актуелните политички случувања во државата, претстојните предвремени парламентарни избори и македонската евроатлантска перспектива.

Потенцирав дека интеграцијата на Република Македонија во НАТО и во Европската Унија е клучна стратешка определба на партијата, но и на државата.

Посочив дека по преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на суштински реформи на полето на правосудство, образованието, здравството и закрепнување на економијата, со цел доближување на нашата држава до европските стандарди кон кои се стреми.

Истакнав дека реформите во правосудството се од исклучителна важност и мора да се стави крај на криминалот и корупцијата кои се рак рана на македонското општество, а се синоним за владеењето на актуелната власт предводена од СДСМ, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коронавирус