понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 135
home Вести

Мицкоски: Денес Ниш и Врање за нас станаа Стокхолм и Копенхаген, ете до таму не дотераа

Мицкоски: Денес Ниш и Врање за нас станаа Стокхолм и Копенхаген, ете до таму не дотераа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Клик плус“ на ТВ 21 говорејќи за вакцинирањето на македонските граѓани изминативе денови во Србија, вели дека заради неспособноста на власта да го заштити населението Ниш и Врање станаа Стокхолм и Копенхаген, за нас.

– Имунизацијата е основа. Вака продолжуваме да тонеме и со префрлање на топката кој е виновен. Денеска за нас Ниш и Врање се Стокхолм и Копенхаген, ете до каде не дотера. Само од Македонија имаше колони за вакцинација во Србија. Тоа доволно говори за неспособноста и поразот, потенцира Мицкоски.

Тој вели доколку Македонија имаше вакцини и граѓаните се вакцинираа немаше потреба да разговараме за дополнителни мерки, бидејќи ќе се сметаше дека власта обезбедила секој граѓанин кој сака да се имунизира.

– Во тој случај можеше да работи економијата, се полни буџетот и да се отвораат нови работни места. Нема одговорност во Македонија. Треба си признаат и да понесат одговорност наместо да бараат оправдувања. Велат дека им нуделе милиони вакцини, па ако им нуделе што не ги донесоа. Ако имале можност да донесат вакцини, а не донесле треба да одговараат кривично, нагласи Мицкоски.

Локални избори 2021