петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Дали некој од власта планира да ги продаде болниците 8-ми Септември и Букурешт, наш предлог е тие да станат Државен ургентен центар

Мицкоски: Дали некој од власта планира да ги продаде болниците 8-ми Септември и Букурешт, наш предлог е тие да станат Државен ургентен центар

Вечерва во „Заспиј ако можеш“ во Алфа телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој истакна дека вредно да се постави прашање е дали некој се обидува да ги продаде болницата 8-ми Септември и Букурешт, зошто во спротивно не би бил прифатлив предлогот на ВМРО-ДПМНЕ тие да станат Државен ургентен центар.

-Нашиот план со којшто излеговме пред граѓаните на избори во врска со изградбата на новиот Клинички центар, нашиот предлог е да го реновираме постојниот Клинички центар „Мајка Тереза“, потоа да изградиме една зграда којашто ќе биде пред приватната болница „Жан Митрев“, со која што би ја поврзале Букурешт болницата и 8-ми Септември, тоа да стане Ургентен клинички центар, е сега прашањето е зошто тоа не е прифатливо, па ве охрабрувам да истражите дали некој можеби се обидува да ги продаде болницата Букурешт и 8-ми Септември, праша Мицкоски.
Мицкоски вели дека предлогот е добар како и Тетовската, Штипската и Битолската болница да станат Универзитетски клинички болници, а сето ова би било многу поефтино и побрзо да се направи.

Мицкоски вели дека за истиов предлог разговарал со Заев по кој му го побарал проектот, па сеуште чека да види дали власта истиот ќе го разгледа.

-Според нашиот проект реконструкцијата на Мајка Тереза Клиничкиот центар би чинела 6 милијарди денари или 100 милиони евра и би се направила за многу побрз период, додека пак останатите болници би чинеле по десетина милиони евра, тоа е двојно поефтино од она што се предвидува, вели Мицкоски.

Најнови вести

Коронавирус