петок, 23. јули 2021. Вести денес: 178
home Вести

Мицкоски: Дали ќе се откажете од Гоце Делчев? Заев: Нема да одговорам на ова!

Мицкоски: Дали ќе се откажете од Гоце Делчев? Заев: Нема да одговорам на ова!

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на вечерашната дебата на ТВ 24 телевизија го праша Заев дали пред македонската јавност ќе каже  дека ќе се откаже од Гоце Делчев, на што Заев одби да одговори.

На прашањето за надворешна политика, Мицкоски вели дека ситуацијата е хаотична, затоа што во моментов преговараме за македонскиот јазик и за јунаците од нашата историја.

-Ние никако не можеме да ги прифатиме овие две работи кои во моментов се случуваат. Како да преговараме за Гоце Делчев? Зошто господинот Заев на лидерската средба и последната и предпоследната не побара декларација да се донесе во парламентот која сите ќе ја подржиме, истакна тој.

Мицкоски констатираше дека тој побарал да се потпише Декларација од парламентот  и тоа да не биде партиско прашање и да не ни се случува жица, но Заев рекол не, тоа немало да го направи.

-Еве сега пред јавноста Заев нека каже теоретски дали може да прифати дека Гоце Делчев не е Македонец и дали би се согласил дека нашиот македонски мајчин јазик не е македонски – го праша Мицкоски, Заев.

 Заев пак од друга страна одби на одговори и рече дека истото било извртување на вистината.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на вечерашната дебата на Канал 5 телевизија по неколку настојувања кон господинот Заев за проблемот со Гоце Делчев, истакна дека за разлика од Заев тој никогаш нема да преговара за тоа што бил Гоце Делчев или да се откаже од македонскиот јазик.

-Никогаш нема да прифатам да преговарам што бил Гоце Делчев или дали мојот мајчин јазик не бил македонски или дали е македонски од 1945 година па наваму, изрично посочи Мицкоски на дебатата.

Мицкоски вели дека ние врз основа на тоа име и врз основа на Гоце Делчев сме создале држава и го критикуваше Заев дека со Договор со Бугарија го потпишал тој што никој не се осмелил да го потпише.

-Затоа со обновата мораме да ги исправиме ваквите капитулации на Зоран Заев, посочи Мицкоски.

Коронавирус