среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Да им дадеме шанса на експертите да напишат Закон за обвинителство

Мицкоски: Да им дадеме шанса на експертите да напишат Закон за обвинителство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на „Топ Тема“ на Телма телевизија, а во врска со законот за Јавно обвинителство, истакна дека треба да им се даде шанса на експертите да напишат закон кој сите ќе го да го подржиме.

-Во однос на Законот за јавно обвинителство се она што го кажаа експертите без разлика кои и оние што се повикани, нашите амандмани до сега беа одбивани, сега да им дадеме шанса на експертите да напишат закон кој ќе го подржиме, вели Мицкоски.

Тој истакна исто така дека овој закон не е таков каков што треба да биде, реформски закон.

-До сега ВМРО-ДПМНЕ има поднесено амандани неколку пати, и сите тие амандамни се претвораа во бројки, за да не си играме весела математика, сега да дозволиме експертите тоа да го сторат. Сигурно ќе биде поприфатливо за граѓаните еминентни професори од фелата да направат едно законско решение во кое сите ние ќе имаме доверба. Милам дека е добро на овие експерти да им се даде ваква доверба, и да направат едно законско решение во кое сите ќе имаме доверба, рече Мицкоски на гостувањето.

Коронавирус