сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Да бевме власт ќе донесевме вакцини и ќе спасевме многу животи

Мицкоски: Да бевме власт ќе донесевме вакцини и ќе спасевме многу животи

Во вечерашното издание на дебатната емисија на ТВ Клан гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за политичката ситуација во државата, нестабилното парламентарно мнозинство, криминалните афери на власта, како и за ненабавката на вакцини против Ковид-19 вирусот.

Мицкоски истакна дека СДСМ и Владата покажале незаинтересираност и желба да набават вакцини уште на почетокот, односно тогаш кога најголем дел од земјите набавија вакцини и отпочнаа со вакцинација. Тој додава дека е несериозно власта да вели дека се е под контрола и дека државата одлично се справува со пандемијата, а фактите да говорат дека државата нема ниту вакцини, ниту пак доволно лекови за лечење на пациентите болни од коронавирусот.

“Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше власт, вакцини во државата ќе имаше со сигурност, бидејќи како одговорна и сериозна политичка партија, прва и основна задача во ваква ситуација ќе беше да се изнајдат вакцини и да се отпочне процес на вакцинација. Недозволиво ќе беше ВМРО-ДПМНЕ да се занимава со апсолутно неважни работи, додека граѓаните чекаат вакцини и молат за спас на нивното здравје. Така да, гарантирам дека доколку ВМРО-ДПМНЕ беше власт сега, граѓаните ќе имаа вакцини и македонскиот народ ќе беше во најголем дел веќе вакциниран”, вели Мицкоски.

-Мицкоски додаде дека власта треба да се заслужи, односно да се докаже зошто граѓаните ја дале довербата за таа политичка партија. СДСМ тоа ниту го покажа, ниту го докажа, напротив демонстрираше неспособност и негрижа за сопствените граѓани, која за жал резултираше и со стотици загубени животи на наши сограѓани. Тоа не смее да продолжи да се случува, бидејќи граѓаните тоа не го заслужуваат, заврши Мицкоски.

Коронавирус