сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 15
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мицкоски: Чулев е единствениот кој што е на терен во оваа вонредна состојба

Мицкоски: Чулев е единствениот кој што е на терен во оваа вонредна состојба

Капата доле за сите јунаци кои што голораки се справуваат со пандемијата, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во интервју за Телевизија 24.

Тој потенцира дека пред се мисли на медицинскиот персонал, на докторите кои што во првите борбени редови се справуваат со пандемијата.

– Исто така секоја чест до сите оние полицајци, војници кои што се трудат сите оние задачи кои што им се поставени и голораки да се справат и да ги исполнат беспрекорно, истакна Мицкоски.

Во врска со справување со коронавирусот тој посочи дека не може да се помири со политичките профитери кои што се во првата борбена линија и се обидуваат да спечалат по некој политички поен беседејќи на прес конференција.

– Единствен кој што е на терен и кој што е во првите борбени линии заедно со овие луѓе е министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев. Него ќе го видите и на улиците во Скопје да провери дали ограничувањето на движењето се исполнува соодветно на она кое што е поставено како задача, ќе го видите и на влезот во Дебар заедно со полицајците кои што го обезбедуваат градот, ќе го видите и на граничниот премин Табановце и на Блаце и буквално ќе го видите везден како се обидува да го спроведе ова со оние лимитирани човечки ресурси, опструиран од внатре само за да биде неуспешен.

Коронавирус