четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 242
home Вести

Мицкоски: Човечкиот живот нема цена, во оваа криза нема услови за избори

Мицкоски: Човечкиот живот нема цена, во оваа криза нема услови за избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во синоќешното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 посочи дека во оваа ситуација кога се зголемува бројот на новозаразени е малку несериозно да се има избори, бидеќи човечкиот живот и здравјето нема цена.

-Токму поради тоа јас подавав рака цело време и велев дајте луѓе да седнеме да разговараме, да ги надминуваме овие работи, предвидувајќи дека ќе дојдеме до една ваква ситуација.Кога се носеше Уредбата, се слушнав по телефон и со вицепремиерот Османи и со техничкиот премиер Оливер Спасовски. Им реков не го правете ова, ќе имаме политичка фрикција, кога ќе дојде денот. Затоа што е погрешно, прочитајте ја првата реченица не можете вие денови да собирате. Ние прва лекција по кинематика на факултет која што ја кажуваме дека времето Т не може да биде негативно, може да биде само позитивно, појасни Мицкоски.

Тој додаде дека не може со Уредба да стопирате рок. И со избрзаната одлука на Владата се создаде проблем. Нема протоколи за однесување за време на избори, што ќе се случи ако некој се разболи во тек на кампања, на многу прашања нема одговор, а сето ова говори дека нема услови за избори сега, и треба на прво место да ни е здравјето на граѓаните пред се, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Парламентарни избори 2020