сабота, 4. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мицкоски: Борбата започна и нема запирање додека не ги поразиме, првата победа ќе бидат претседателските избори

Мицкоски: Борбата започна и нема запирање додека не ги поразиме, првата победа ќе бидат претседателските избори

Целта е една и единствена, да им порачаме на оние во Владата „МАКЕДОНИЈА“. загрижени сме за иднината на нашата татковина и иднината на нашите семејства. Ќе останеме овде се додека не ги видиме натрапниците како ја напуштаат зградата на Владата. Кога влегуваа внатре се колнеа во жицата, во дедовината, во татковината, се колнеа дури и во најмилото дека нема да чепкаат онаму каде најмногу боли. Не само што чепнаа, туку и толку длабоко навлегоа што ќе ни требаат години да го залечиме, истакна на денешниот протестен марш, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој истакна дека токму затоа ВМРО-ДПМНЕ е насекаде низ Македонија, на улиците.

-Борбата штотуку започна и нема запирање додека не ги поразиме. Првата победа ќе биде на претседателските избори. Во април доаѓа големата победа, која ќе најави предвремени парламентарни избори кога народот ќе дојде и ќе им каже „излажавте еднаш, ви помина, два пати не измамивте, но третиот пат дојдовме по своето, а секој еден од вас ќе ја добие заслужената казна“. Народот на следните избори ќе ви покаже дали наместените анкети се вистинската слика во Македонија. И покрај тоа што ги местите анкетите, пак ве водиме, вели Мицкоски.

Коронавирус