четврток, 13. август 2020. Вести денес: 152
home Вести

Мицкоски: Блокадите на земјава се поради тоа што не е ништо сработено

Мицкоски: Блокадите на земјава се поради тоа што не е ништо сработено

„Најпрвин да завршат овие избори, да формираме влада. И да ги отпочнеме тие преговори кои се уште ни се далечни, и кога ќе ги отпочнеме тие преговори ќе ми дозволите да ве разубедам дека со работа на ВМРО-ДПМНЕ и владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе докаже и покаже дека блокадите биле затоа што имавме недостатоци во области, а не поради спроведувањето за името“, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување на „360 степени“.

Мицкоски додаде најлесно е да потпишеш документ да смениш име и се, најтешко е да работиш во развивањето на државата.

„Се враќаме на почеток, зошто требаше да избрзаме со имплементација на работа на делови кои што се во договорот, а немаше уште потреба. Како вели договорот 5 години од почнување на преговори за соодветното поглавје да се направат тие измени“, појасни Мицкоски.

Мицкоски рече дека немаше потреба од брзање со менување на името на државата по институциите на државата. Тоа Заев го направи бидејќи не сработи ништо друго за овие три години освен што го смени името на државата. Заев откако е на власт Македонија доби криминал, сиромаштија, рекет.

Коронавирус