четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 8
home Вести

Мицкоски: Битола е личен мој приоритет, со ВМРО-ДПМНЕ градот ќе доживее револуција на сите полиња

Мицкоски: Битола е личен мој приоритет, со ВМРО-ДПМНЕ градот ќе доживее револуција на сите полиња

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска по посетата на Битола, одговараше на прашања на медиуми при што посочи дека од секогаш Битола како општина е била приоритет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во минатото можеби сме направиле некаква грешка кај битолчани, јас лично застанувам нормално ако е објективна таа грешка се извинувам, онаму каде што имало добри политики, тие политики треба да ги надградиме и прошириме, и на тој начин повторно да ја добиеме довербата од битолчани. Бидејќи оваа состојба која што денеска ја слушнав од стопанската комора но и од битолчани е повеќе од катастрофална. За тоа на Битола му треба револуција, револуција во економија, револуција во образование, култура, Битола го заслужува тоа и Битола е личен мој приоритет“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека неколку пати пред јавноста има истакнато дека Битола му е личен приоритет.

„Јавно ова сум го повторил неколкупати и еве и денес ќе повторам иако сум роден скопјанец, Битола е личен мој приоритет“, истакна Мицкоски.

Мицкоски на прашањето дали размислува за окрупнување на опозицискиот блок бидејќи специфична е сликата во Битола, одговори дека размислува за окрупнување на опозицискиот блок и дека партијата работи на тоа.

ЕУРО 2020

Македонија