недела, 1. август 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Без програма и визија СДСМ излезе пред народото

Мицкоски: Без програма и визија СДСМ излезе пред народото

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето интервју за МИА ја коментира програмата која ВМРО-ДПМНЕ ја презентира пред граѓаните, но и тоа дека СДСМ пред граѓаните излезе без програма и визија за следните четири години.

ВМРО – ДПМНЕ веќе ја промовира својата програма. Фокусот, главно, ќе биде на економијата. Кои се клучните поекти со коишто ќе обидете да ги привлечете гласачите?

Како што и самата кажавте, главен фокус ќе биде на економијата бидејќи она кое што сега е реалност во Македонија практично е една разурната економија, економија која што ги остава безнадежни претприемачите, бизнисмени, но и самите граѓани практично на нашата држава затоа што ситуацијата е повеќе од алармантна. Не затоа што тоа е сега поради оваа пандемија која што не задеси, секако тоа можеби имам огромно влијание, туку и поради лошите политики изминативе три години од страна на Владата на СДСМ и од страна на ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев. Изминатиов период, ако се сеќавате, често пати помалку така шеретски ова ракокводство на СДСМ знаеше да не обвини дека ВМРО -ДПМНЕ немало програма, дека ВМРО – ДПМНЕ настапувало со празни фоскули и.т.н. а видовте, започна кампањата, а ние се уште од СДСМ немаме промоција на програмата и всушност ние не знаеме што е тоа што СДСМ го нуди пред граѓаните. За разлика од нив, ние излеговме со 360 страници материјал. Имавме промоција во градот на конзулите во Битола. Отприлика професорите Славевски и професорот Кедев и јас вклучително имавме определени насоки што е содржано во самата програма. Зошто професорот Славески и професорот Кедев? Затоа што цениме во моментот имајќи ја предвид ситуацијата во државата, здравството и економијата се некако фокус на граѓаните и мислам дека тие имаа успешен обид накратко да сублимираат сето она што е содржано во самата програма. За разлика од нас, ние од страна на СДСМ, од страна на Зоран Заев и ова раководство, не видовме некоја програма. Излегуваат со празните флоскули, со истиот наратив како да сме пет години наназад во времето наместо пет години потоа. Но, тоа е нивниот начин на водење на кампања. Ние имаме кампања која што е проактивна и кампања која што има понуда и ја нарековме „Проект обнова“, да има малку ете инженерска нишка, изјави Мицкоски.

Коронавирус