понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 17
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мицкоски беше во право, Заев тврди: Понудата на пари е мала, кредити земаа големите држави

Мицкоски беше во право, Заев тврди: Понудата на пари е мала, кредити земаа големите држави

Македонија пред финансиски колапс. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за емисијата “360 степени“, изјави дека во македонскиот буџет недостигаат две милиарди евра, при што додаде дека тоа не треба да се крие и дека тоа треба да го знаат граѓаните.

Тој исто така истакна дека реализацијата на буџетските приходи ќе биде околу 30 – 40 проценти, што значи дека ќе недостигаат 60 проценти од планирана наплата во буџетот.

– Мерката која ја предлагаме за кратење на платите на администрацијата можеби и нема да биде доволна затоа што недостигаат некаде околу две милиарди и 200, тоа се 60%, рече Заев.

Тој додаде дека во моментов имаат усно одобрение за добивање на кредит во износ од 600 милиони евра, но тоа е малку затоа што до 2 милиарди и 200 имаме уште милиарда и 600 илјади евра. Но понудата на пари веќе не е така голема затоа што поголемите пари веќе ги земаа поголемите држави, рече Заев.

На ова реагираше новинар, при што му посочи на Заев дека таа една од најголемите причина на кои што му замерува и реагира опозицијата на чело со Мицкоски, при што Заев се вадеше на процедурите и протоколите при аплицирање и добивање кредити. Но сепак, сакајќи или несакајќи, Заев откри дека со постапките за аплицирање за кредити почнале на почетокот на март.

Коронавирус