среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Бараме поевтина струја, мафијата не смее да се богати на грбот на народот

Мицкоски: Бараме поевтина струја, мафијата не смее да се богати на грбот на народот

Добредојдовте на овој прв од серијата протести кои што треба да го покажат и докажат гневот насобран во народот поради онаа неправда која што се случуваше изминативе месеци, украдените и поткупени избори од мафијата на власт. Ова ќе биде прв од серијата протести против неправдите на мафијата на Илинденска број 2. Богати мафијаши во владата, а сиромашен народ, тоа е реалноста во нашата Македонија. Па ќе излезе портпаролот, спикерот на мафијата и ќе постави прашање, ќе рече: Кој му гу плаќа на Мицкоски протестите? За нив се имало имало цена, за нив парите, криминалот, пљачката за мафијашите се најважни. За нас честа, моралот и достоинството, со овие зборови денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го започна својот говор на протестот пред Регулаторната комисија за енергетика во Скопје.

-Ова е честит народ кој што избра да му се спротистави на мафијата во Илинденска број 2. Затоа мафијо разбери, овој пат кога неправдата станува закон, отпорот и протестите ќе продолжат се додека не ве детронизираме онаму каде што со поткупени и наместени избори се наоѓате. Затоа ќе не има се повеќе, ќе не има се многу и ќе не има насекаде низ цела Македонија. Нема назад, ние тргнуваме. Денес сме овде и протестираме за социјална тема, тоа е покачената цена на електричната енергија. Овие во оваа зграда овде, предводени од човекот кој што е гласноговорник на Зоран Заев во енергетиката, кога зборува Зоран Заев, зборува овој човек. Кој е тој човек? Еве го, овој е тој човек. Овој е човекот кој што е независен регулатор. Овој прославува во седиштето на СДСМ, а потоа ја кодоши државата, ја кодоши опозицијата, го кодоши сопствениот народ во Европската енергетска заедница. Овој е човекот кој потпиша зголемување на цената на електрична енергија за 7.5 %. Овој е човекот кој брцна џебот на овој осиромашен и напатен народ. Овој е слугата на мафијата, овој човек има име и презиме и се вика Марко Бислимовски, запаметете го убаво. Па денеска ќе ви кажува овој истиот човек, овој човек кој што и слугува на мафијата, дека ја покачиле само цената на електричната енергија за државните компании. Зборавија на партиските вработувања, заборавија на партиските багери во РЕК Битола што копаат по 30 часа на ден и 400 дена во годината, заборавија на дебелите провизии за партиските агенции за обезбедување од Струмица, ама едно не заборавија, сето тоа да го платат со парите на народот. Епа доста му е на овој народ и затоа овој народ од денеска почнува правдата да ја бара овде на улиците. Нема веќе по домовите да седиме, излегуваме на улица. Ќе ги слушнете како велат дека овие биле протести против европската иднина, но јас не гледам што е противевропско ако имате градоначалник од вашите редови кој што го фаќаат како шверцува илјадници штеки цигари. Не гледам што е европско кога пратеник од вашата пратеничка група тргува со полче. Ај што тргувате, па почнавте и да вкусувате од тоа што го тргувате. Не гледам што е европско кога директор на јавно претпријатие е фатен со малку повеќе од полче. Не гледам што е европско кога градоначалник бара мито за себе, за својот брат. Не гледам што е европско во трас-трас судските одлуки. Не гледам што е европско кога се продава и распродава државата и сопствениот народ, потенцира Мицкоски.

Тој додава дека не гледам што е европско кога резултат на коалиционен договор е наместо политика и мерки за граѓаните, усвојување на детални урбанистички планови кои што носат стотици милиони евра профит на грбот на граѓаните на приватни лица. Не гледам што е европско да го лажеш сопствениот народ и одлуката која што требаше да ја донесат на први јули, поради изборите на 15 јули ја одложија за први август.

-Не гледам што е европско да се богатиш на маката на граѓаните. Затоа мафијо разбери дека дојде вашиот крај тогаш кога мислите дека имате нов почеток. Овој ваш почеток е всушност вашиот крај. И затоа ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ е народна коалиција, и од сега ќе ја гледате за секоја неправда која му ја нанесувате на овој народ на улица заедно со тој народ, без разлика дали се македонци, албанци, турци, срби, власи, роми, еѓипјани и останати. Ќе го гледате ВМРО-ДПМНЕ и ќе ви биде ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата ноќна мора, се до крајот на вашиот пеколен пад. И нашите пратеници заедно со останатите опозициони пратеници во парламентот ќе се борат како лавови и лавици за интересите на овој напатен народ, криминална мафијо и бандо собрана таму. Затоа од овој собир ги започнуваме нашите барања, имате неколку дена да седнете да ги разгледате а потоа да ги исполните, вели Мицкоски.

Тој додава дека првото барање е враќање на старата цена на електричната енергија. Наместо да му овозможувате вонреден профит на универзалниот снабдувач, намалете го процентот, затоа што кога зборува Заев преку Бислимовски ќе ве убедува дека ја поскапиле цената само за ЕЛЕМ и МЕПСО. Тоа не е точно, не е исто процентот на универзалниот снабдувач да го множите со сто и да го множите со сто и десет. Дополнителни повеќе од милион и 800-ни илјади евра приход за универзалниот снабдувач само за една година, милион и 800-ни илјади евра математички прецизно.

Затоа, мафијо разгледај го ова наше барање и сериозно посвети му внимание, враќање на старата цена на електричната енергија преку намалување на тарифата на универзалниот снабдувач.

-Второто наше барање е неделен викен без данок на додадена вредност, вие го ветивте тоа пред изборите за месец септември. Помина еден викенд, вториот е пред нас, септември има четири викенди, имате време на следната владина едница, наместо да рушите тоа што диво го изградивте, наместо да делите мандатни писма, донесете одлука којашто ќе биде за интересите на овој народ. Викенд без ДДВ тоа го ветивте пред изборите и тоа мора да го испорачате, 18% проценти помали цени преку викенд за граѓаните во Република Македонија. Трета последна работа за денеска е професионализација на Регулаторната комисија за енергетика, не вакви партиски војници и слуги и полтрони. Професионализација на комисијата за фер цени за граѓаните. Сосема на крај почитувани присутни, кога неправдата станува закон во оваа наша држава, тогаш протестот, пркосот е наша обврска. Мафија или Македонија изборот е јасен, Македонија. Ви благодарам и се гледаме повторно, заврши Мицкоски.

Коронавирус