четврток, 8. јуни 2023. Вести денес: 10
home Вести

Мицкоски бара итни реформи до изборите кои се единствено решение

Мицкоски бара итни реформи до изборите кои се единствено решение

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека бара итни реформи до изборите кои се единствено решение.

„Нема време ниту за оние помалку чудни анализи за душата, срцето и петата, и други вакви комични испади, ниту пак за некои други дежурни адвокати на Заев кои се мешаат во туѓите дворови. Ова е наша земја, а тука граѓаните се главни. Оваа власт ќе биде заменета и ќе потоне во заборав и тоа е секому му е јасно. Народот бара и посакува предвремени парламентарни избори, исто како и јас, тоа е единствено логично и посакувано решение за да се надмине кризата и оваа повеќе неодржлива ситуација. Колку и да се противи власта избори ќе дојдат, а со тоа доаѓа и политичкиот крај на Зоран Заев.
Во тој меѓу период потребни се реформи. Коренети и брзи реформи, кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи план во најкус можен период консултирајќи ги експертите и употребувајќи ги сите свои капацитети кои што ги има на располагање.“

Мицкоски потенцира дека овие реформи треба да ги спроведе влада, составена од силни индивидуи, со богато лично, стручно портфолио кој ќе го дадат својот максимум служејќи и на државата.

„Време е за мудри, логични и одлучни одлуки. Повикувам на средба на државниот врв на која ќе се диксутира за сето ова, а пред се за иднината на Македонија. А, Македонија е пред крупни одлуки кои ќе донесат промени и има иднина за која сите заедно ќе се избориме бидејќи доаѓа обновата. Изборите се важни, но не по секоја цена да се дојде на власт, туку се потребни за да покажеме на светот но и кај разочараните кои ги разбирам совршено дека можеме подобро, можеме поинаку и дека има надеж, Македонија ќе успее. Го повикувам македонскиот народ и граѓаните на Македонија да ја кренат главата гордо високо, бидејќи секогаш во тешки времиња сме биле пркосни и мудри. Верувајте во себе, верувајте во Македонија. И верувајте во промените кои што ќе дојдат.“