четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 77
home Вести

Мицкоски апсолутен победник во вечерашната дебата, Заев слабо подготвен и целосно неуверлив

Мицкоски апсолутен победник во вечерашната дебата, Заев слабо подготвен и целосно неуверлив

Долгоочекуваната дебата помеѓу лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев ги сруши рекордите на гледаност на една политичка дебата во Македонија.

Како што е очекувано коментарите се пропорционални со гледаност, а коментарите се дека Мицкоски е апсолутен победник во вечерашната дебата.

Додека не стивнуваат позитивните коментари за настапот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, јавноста вели дека Заев бил преслаб, неуверлив и целосно неподготвен за лекцијата која му ја одржа професорот.

Јавноста го прогласи Мицкоски за апсолутен победник во трите теми на дуелот, односно на темите на внатрешната, надворешната политика и економијата. Мицкоски во повеќе наврати поентираше на сите овие теми, но кратко сиже од најважните факти кои тој ги изнесе во вечерашниот дуел ќе го потврди заклучокот до кој дојдоа гледачите.

Внатрешна политика: Заев е три пати амнестиран, Македонија е на врвот по корупцијата во Европа

Првиот факт кој Мицкоски го изнесе во вечерашната дебата беше податокот дека актуелниот премиер е дури три пати помилуван за криминал, а забележа дека доколку во Македонија имаше правен систем тој веќе ќе беше осуден.

-Неговото искуство вели дека три пати е помилуван за криминал. Еднаш од страна на поранешниот претседател на државата, за познатиот случај Глобал. Вториот пат од страна на СЈО за случајот Пуч и еве сега гледаме на очиглед на јавноста, кога се обидоа да не претстават како слепи и глуви, дека тоа што го слушавме не го слушавме и тоа што го гледавме дека не го гледаме. Во отсуство на транспарентност и јавност, ни беше ветувано дека ќе бидат пуштени сите тие снимки, видовме дека тоа не се случи. И на крајот од денот, сега премиерот, а тогаш градоначалник на Струмица доби ослободителна пресуда. Јас не сум имал такво искуство во животот и навистина споделуваме различни вредности од тој аспект, посочи Мицкоски.

Мицкоски го напомена и падот на скалата за 17 места според перцепцијата на корупција на Транспаренси Интернешнл на Македонија и забележа дека доколку се постигнало нешто во борбата против корупцијата и криминалот немало да има пад за 17 места на скалата, а Македонија немало да биде прва во Европа по корупцијата.

-Македонија на скалата на Транспаренси интернационал е падната за цели 17 места, ако ние навистина сме постигнале нешто во борбата против корупцијата и криминалот, ние немало да паднеме 17 места, напротив ќе сме се качеле за тие 17 места. Македонија е шампион во Европа, само во една работа, по дното на економијата и на врвот на корупцијата и тоа е реалноста.

Надворешна политика: Заев тргува со македонските национални интереси и го урниса целиот преговарачки процес за името

Мицкоски истакна дека Заев гради меѓународна позиција тргувајќи со македонските национални интереси, како што беше со договорот со Бугарија и како што е сега со преговорите со името.

-Ние како политичка партија излеговме со наша позиција и кажавме во кој дел имаме забелешки, многу јасно, гласно и транспарентно го кажавме тоа дека договорот со Бугарија е асиметричен и еве допрва ќе видиме кои ќе бидат реалните последици во реалниот живот.Само знаете што, вашата позиција со соседите не можете ја купувате распродавајќи ја Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на актуелниот преговарачки процес за името кој го води владата на Заев, Мицкоски вели дека преговорите се водат егзибиционистички од прв до последен момент.

Со прифаќањето на ерга омнес односно име за севкупна употреба, Заев ги кренал очекувањата кај грчката страна со што се загрозиле преговарачките позиции на Македонија, а во иднина очекувањата на грчката страна само ќе растат, забележа тој.

-Господинот Зоран Заев излагаше на телевизија, на национален медиум каде што пред граѓаните на Република Македонија кажуваше дека нема да преговара за уставното име на Република Македонија.Господинот Заев за германски Шпигл ќе каже „Нема да го барам решението во промена на Уставот“ . Господинот Заев денеска тука ќе каже дека „го спасил достоинството“. Како го спасил? Не сте го спасиле господине Заев. Вие, Зоране, сте го урнисале целокупниот процес на преговори некој што со години го создавал, вели Мицкоски.

Економија: Македонија на дното во Европа во економијата, ако ова е лекцијата за економија со која се фалевте, ќе се паднеше на испит

На темата економија Мицкоски говореше математички прецизно, со бројки кои ја покажуваат лошата слика во економијата по преземањето на власта од страна на Заев и СДСМ. Мицкоски го спомена минатогодишниот раст од 0 проценти на економијата во моменти кога цела Европа доживува економска ренесанса.

Тој ја истакна и катастрофалната реализација на капиталните проекти во првите три месеци од 2018 година од само седум проценти и нереализираните ветувања за петстотини евра просечна плата и сто илјади евра за докторите. Говорејќи за овогодишниот раст тој вели:

„Еве јас ви велам ништо да не правите, оставете ги бизнисмените сами ќе си ја дигнат економијата на 3,2. Ако ова е лекцијата за економија со која се фалевте, ќе се паднеше на испит’’, заклучи опозицискиот лидер.

 

Коронавирус