сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 40
home Вести

Мицкоски: Апелирам до владата на разум, здравјето на граѓаните нема цена, или прифатете електронски попис или одложете го за пролета 2022 година

Мицкоски: Апелирам до владата на разум, здравјето на граѓаните нема цена, или прифатете електронски попис или одложете го за пролета 2022 година

Денеска практично ја отпочнуваме иницијативата формално со која што ќе го доставиме и законот во рамките на собранието до спикерот на парламентот со кој што ќе побараме да биде укинат Законот за попис кој што беше донесен без консензус и без би рекол елементарно почитување на здравјето на граѓаните во услови на тешка пандемија кога за жал властите не успеваат да се снајдат со истата, а Македонија е закована убедливо на дното или на врвот, како сакате наречете го тоа по бројот на лицата кои што се инфицирани и по бројот на луѓето кои што за жал го загубија животот поради неспособноста на власта, рече на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Сведоци сме дека голем број на држави во регионот како што се нашиот сосед Бугарија, нашиот сосед Србија, од поблиското опкружување гледаме Хрватска, Романија, Сојузна Република Германија, водејќи сметка и грижејќи се за здравјето на граѓаните одлучија да го одложат пописот кој што беше планиран да се случи оваа 2021 година за есента или за пролета 2022 година или есента 2021 година. Бидејќи кај нас пописот е невозможно да се случи есента 2021 година поради локалните избори и кампањата која што тогаш ќе се случува, апелираме до владата на разум, апелираме до собранието на разум да се грижат за здравјето на граѓаните и да го одложат пописот за пролета 2022 година. Ништо нема да промени доколку неколку месеци пописот биде одложен, наместо овој кој што е планиран во април 2021 година. Гледаме дека воопшто не се ни направени пописните тимови, ниту пак обучувачите на истите пописни тимови, имајќи ги предвид пандемските услови во кои што државата се наоѓа и невозможно е истите да бидат обучени а притоа да биде заштитено практично здравјето на тие луѓе кои што ќе бидат дел од тие пописни тимови. Да потсетам, станува збор за илјадници наши сограѓани чие што здравје владата директно го изложува и ги загрозува нивните животи, истакна Мицкоски.

Немаме вакцини со што би ги заштитиле тие луѓе, слушаме дека првите вакцини кои што евентуално би пристигнале во државата во една скромна количина во Македонија се некаде на почетокот на месец март. Еве помина и јануари, ќе помине претпоставувам и февруари, а ние остануваме заковани убедливо на дното и нема начин како тие луѓе кои што утре ќе ни тропнат на нашата врата да ги имунизираме и да бидеме сигурни дека нашето здравје, но и здравјето на околината ќе бидат заштитени, бидејќи за жал вакцини нема и покрај тоа што опозицијата прави се во парламентот да  им овозможи на надлежните еднашка да си ја завршат работата за која што се платени. Да не мислат на провизии, да не мислат на лоповлук, да не мислат на криминал, рече Мицкоски.

-Апелираме на разум, доколку разум не постои да биде пописот одложен за 2022 година. Апелираме од владата и до надлежните во парламентот да го прифатат предлогот на опозицијата за електронски попис, уште во 2015 година поддржано од страна Европската унија, Европската комисија, Министерството за информатичко општество и администрација има услови да ги подготви базите на податоци за спроведување на електронски попис, проект кој што заври 2018, 2019 година. Не го изложувајте здравјето на граѓаните. Не бевте способни да го заштитите, не бевте способни да донесете вакцини за тие кои што сакаат  да го заштитат здравјето вакцинирајќи се, да им го овозможите тоа, овој пат барем направете електронски попис. Разбирам дека сакате со вашите активисти, и активистите на ДУИ и СДСМ да им дадете определена дневница за да бидат мотивирани, бидејќи се крајно демотивирани да работат на локалните избори. Но, верувајте здравјето на граѓаните и човечките животи немаат цена. Не смееме да газиме преку живи луѓе. Оставете ја оваа статистичка операција за пролета 2022 година или еве еднашка охрабрете се направете електронски попис по теркот на државите од Европската унија, потенцираше Мицкоски.

Тоа ќе значи дека граѓаните ќе имаат доверба во таа статистичка операција, нема да зависиме од политичкиот двоен потпис и на крајот на денот ќе можеме пристојно да си ја развиваме нашата Македонија, додаде тој.

ЕУРО 2020

Македонија