понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 33
home Вести

Мицкоски: Анти-економската политика на Владата на Заев ја турка Македонија назад, на следните парламентарни избори победува ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Анти-економската политика на Владата на Заев ја турка Македонија назад, на следните парламентарни избори победува ВМРО-ДПМНЕ

Оваа анти-бизнис и анти-економска политика на Владата предводена од Зоран Заев ја турка Македонија назад. Ние како опозиција за вистинските намери, но и за намерите на Заев во периодот кој што претстои да издаде уште една државна обрзница за да може да ги финансира авантуристичките политики ќе ги информираме сите меѓународни претставници, политички, но и финансиски, дека на следните парламентарни избори доаѓа до промена во Владата, победува ВМРО-ДПМНЕ.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, кој  апелираше на разум и вистинско водење на касата која што треба да се занимава со развој на државата, а не корупција и скандали кои се дел од секојдневието на Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи Владата на Република Македонија и авантуристичките потези на Зоран Заев и Владата која тој ја предводи нема да ги толерираме и можеби ќе биде доведено под знак прашање нивното сервисирање. Доаѓа обнова, рече Мицкоски.

Мицкоски, меѓудругото потенцираше и дека дека најголемата опозициска партија има сознание оти премиерот на Македонија, Заев, како неформален министер за финансии намерно не ги троши сите пари за капитални инвестиции за потоа со оние кои ќе останат директно да ги префрла како трансфери до граѓаните, односно гласачите.

-Преку буџетот има намера да ги корумпира граѓаните и гласачите, затоа стана и министер. Капиталните расходи по половина година се само дваесетина проценти. Ќе останат неинвестирани 500 милиони евра и тие пари ќе одат за трансфери месеци пред избори, посочи Мицкоски.