петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Ако Заев не знае што бара сега Бугарија, требало да знае уште пред четири години кога давал ветувања и преземал концесии

Мицкоски: Ако Заев не знае што бара сега Бугарија, требало да знае уште пред четири години кога давал ветувања и преземал концесии

На Зоран Заев требало да му биде јасно за што разговара во моментот кога разговарал, поточно кога давал ветувања и концесии. Ова не е играчка, ова не е циркуска арена, овде не треба цирузантски и акробатски настапувања. За ова треба стратегија, за разговори како овиесо Бугарија треба стратегија, ако вие ја напуштите патеката тогаш ќе си имате проблеми, а тој тоа го направи, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното гостување на МТВ.

Според него грешката е направена во моментот кога дал Заев согласност за комисија за историја.

-Првиот момент кога вие сте се согласиле дека ќе има комисија за историјае грешка, тоа не требало да го направи. Реалноста е таква, Бугарија е дел од НАТО, а е и дел од ЕУ каде ние сакаме да бидеме, и е со поголем БДП. Ние сме помали и затоа треба да сме умни и стратешки да се позиционираме, а тој што направил, отворил дебата за што никој жив не би отворил и не сака да дискутира. И сега велиме што правиме и повторно правиме една антитеза на тезата и тоа е погрешно, рече Мицкоски.

Според него треба да има реорганизација и како што посочи да бидеме поумни, бидејќи тоа е суштината за земји како Македонија.

Најнови вести

Коронавирус