среда, 23. септември 2020. Вести денес: 99
home Вести

Мицкоски: Ако вака несериозно продолжи владата и оваа година нема да добие датум за преговори

Мицкоски: Ако вака несериозно продолжи владата и оваа година нема да добие датум за преговори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, во вечерашното интервју во емисијата „Отворена програма“, на Македонската телевизија, одговарајќи на новинарски прашања поставувано од уредниците на националните телевизии, истакна дека Република Македонија се уште нема започната преговори со Европската Унија и покрај најавите од страна на владата на СДСМ и Зоран Заев.

Според него оваа влада ниту има капацитет, ниту пак план како тоа да го спроведе, нагласувајќи дека доколку продолжат вака да се однесуваат Република Македонија нема да добие датум за преговори ниту оваа година.

-Немаме преговори со Европската Унија. За жал ни почетна позиција во сето тоа, имаме неколку фингирани работи на хартија и тоа е тоа. За ние суштински нешто да направиме треба и на дело да се види. За жал ниту имаат капацитет, ниту имаат план како тоа да го спроведат. Токму поради тоа ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да придонесе во рамките на тој процес на преговори, во рамките на таа реформска агенда што е неопходна за Македонија, барем да се доближи до некаков датум за отпочнување за преговори, кој што не се случи во минатата година иако беше силно најавува дека летаа шампањи, па не знам скринингот ќе почнел, па не знам ова ќе почнело и еве година подоцна ние повторно зборуваме за скрининг. Но знаете што е поразлично? Што ни се случија сите овие порази во меѓу време, нереализирани ветувања и очекувања неостварени, е тоа е различно. Ја имаме Македонија помалку, е тоа ни се случи минатата година, а немаме ниту скрининг, ниту датум за преговори, ниту пак оваа година ќе имаме. Ако вака продолжиме несериозно да се однесуваме кон овој процес, ниту пак оваа година ќе имаме почеток на преговорите, вели претседателот Мицкоски.

Коронавирус