сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 33
home Вести

Мицкоски: Ако според Нухиу на 27 април постоела терористичка вооружена група во Чаир, тогаш што преземаат МВР и ОЈО за тоа

Мицкоски: Ако според Нухиу на 27 април постоела терористичка вооружена група во Чаир, тогаш што преземаат МВР и ОЈО за тоа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното негово гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија истакна дека обвинението кое го поднесе Јавно обвинителството за настаните од 27-ми април во Собранието е премногу конфузно и нејасно.

Како што рече тој, обвинител треба да ги преиспита изјавите на Агим Нухиу тогашен прв човек на МВР бидејќи тој имал златна команда, а не преземал ништо за случувањата во Собранието.

– Излезе Јавниот обвинител и го образложи обвинението. Но она што загрижува во целиот тој процес, а бевме сведоци на вашата телевизија на емисијата „КОД“ каде што беше цитирана изјавата на тогашниот министер за внатрешни работи Нухиу, каде што тој, иако има златна команда ништо не презема. Второ има индиции дека во истиот тој момент додека траат случувањата во Собранието имаме групирање на терористичка вооружена група во општина Чаир и во неколку други места во Република Македонија, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ следствено праша зошто изјавата на Агим Нухиу не е дел од обвинението и зошто Јавниот обвинител посериозно не се заинтересирал да ја истражи оваа изјава. Според него она што дополнително загрижува е што МВР не покренало истрага за тоа кои се вооружените лица кои се групирале за време на настаните, дали нивното поседување на оружје е легално, од каде е потеклото на оружјето и зошто Нухиу како прв човек на тоа министерство не ги преземал потребните процедури за да се спречи тоа.

-Ако ние за така краток рок имаме група која се мобилизира и се вооружува така подготвена да иницира воен конфликт, а притоа министерот тоа го знае и ништо не презема, логично е дека со ова се охрабруваат овие луѓе и во иднина да се случува. Каде е тука правната држава, каде е тука одговорноста на министерот, каде е одговорноста на Јавното обвинителство, каде е одговорноста на сегашниот министер и органите кои се под него, заклучи Мицкоски.

Коронавирус