среда, 14. април 2021. Вести денес: 2
home Вести

Мицкоски: Ако Мијалков бил во Белата палата, а Заев знаел значи дека прави кривично дело што не кажал, еве прилика Јовевски и Русковска да го повикаат Заев да каже што знае

Мицкоски: Ако Мијалков бил во Белата палата, а Заев знаел значи дека прави кривично дело што не кажал, еве прилика Јовевски и Русковска да го повикаат Заев да каже што знае

Да, слушнав, има посебен смисол за хумор Зоран Заев ама не сфаќа дека така си прави на самиот себе бељи и проблеми. Зошто? За тоа што ако е така и ако ја имал таа информација значи дека е соучесник во бегството и помагател. Денеска за тоа треба да го уапсат, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во „Радио Лидер“.

Мицкоски додаде дека ги охрабрува институциите веднаш да го приведат и да го распрашаат, да видат од каде Заев ја има таа информација. И зошто не ја споделил таа информација со надлежните институции.

-Вака излегува дека и Заев е виновен. Мислам дека денеска ако не постапи МВР на Спасовски или обвинителството на Јовевски и Русковска, или пак судството брендирано како Кацарска судство или во случајот Џорлев, тогаш тие исто така се соучесници во сета оваа шарана, истакна Мицкоски.

Најнови вести

Коронавирус