понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 60
home Вести

Мицкоски: Ако има злоупотреби во изборниот процес, нема да поддржиме уште еден нерегуларен изборен циклус

Мицкоски: Ако има злоупотреби во изборниот процес, нема да поддржиме уште еден нерегуларен изборен циклус

Вечерва Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. Христијан Мицкоски одговараше на поставени прашања од граѓаните на live chat.

Во однос на прашањето за локалните избори во Штип и можните сценарија за злоупотреби при изборниот процес, Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ веќе одреден период се екипира во Штип и местните комитети се речиси комплетирани.

-Доколку ВМРО-ДПМНЕ почувствува дека на било каков начин демократијата во изборниот процес се изолира, тогаш ВМРО-ДПМНЕ сигурно нема по втор пат да учествува во изборни лакрдии, односно нема да даде легитимитет на таквите избори, истакна тој.

Мицкоски потенцираше дека иако е возможно Собранието поради Ковид-19 вирусот да не биде во функција, а истовремено да треба да се одржат изборите во Штип, тогаш повеќе од сигурно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја постави работата онака за да нема никаков сомнеж во изборниот процес, односно ќе се изнајде механизам како од блиску да се следи секој чекор на власта, која е јасно дека се подготвува за изборна лакрдија, која овој пат нема да помине.

-ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните знаат кој е главниот противник на овие избори и фокусот е ставен само таму, а тоа е СДСМ. Партиските структури се мотивирани и секојдневно се неформално помеѓу граѓаните, се доекипираат и местните комитети кои веќе се во функција, а тоа значи дека следи голем дебакл на СДСМ во Штип и превземање на локалната власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски.

Мицкоски истакна дека на овие локални избори во Штип, ВМРО-ДПМНЕ ќе има кандидат кој повеќе од сигурно е дека ќе издвојува убедлива победа, која ќе биде предвесник на победите кои следат и на локално и на централно ниво.

Коронавирус