недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 93
home Вести

Мицкоски: Ако ги споредиме годините на минатата Влада на ВМРО-ДПМНЕ со овие на СДСМ, заклучокот е дека со Владата на Заев се задолжуваме, но економијата паѓа

Мицкоски: Ако ги споредиме годините на минатата Влада на ВМРО-ДПМНЕ со овие на СДСМ, заклучокот е дека со Владата на Заев се задолжуваме, но економијата паѓа

Ако ги споредиме годините на минатата Влада на ВМРО-ДПМНЕ со овие на СДСМ, заклучокот е дека со Владата на Заев се задолжуваме, но економијата паѓа, поточно разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг во време на ВМРО-ДПМНЕ е 1,292 милијарди €, а во периодот на владата предводена од СДСМ, разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг е -968 милиони €, пишува на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во продолжение следува неговиот статус:

Еве подетално:

Зоран Заев на 7 април 2018 година, во интервју за МИА, ќе изјави: “ лекција од економија Мицкоски може да добие кога сака…”. Нешто повеќе од 3 години поминаа од тогаш, ова се резултатите од лекцијата:

Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, период 1 јануари 2007 – 31 декември 2016 година

⁃ раст на бруто домашен производ: 4,185 милијарди €;

⁃ раст на јавен долг: 2,893 милијарди €;

⁃ просечен годишен раст на бруто домашен производ: 3%.

Влада предводена од СДСМ, период 1 јануари 2018 – 31 декември 2020 година

⁃ раст на бруто домашен производ: 0,728 милијарди €;

⁃ раст на јавен долг: 1,696 милијарди €;

⁃ просечен годишен раст на бруто домашен производ: 0,53%.

Заклучок: Во периодот од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг е 1,292 милијарди €, а во периодот на владата предводена од СДСМ, разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг е -968 милиони €. Во периодот од 1 јануари 2007 – 31 декември 2016 имаме додадена вредност, а во периодот 1 јануари 2018 – 31 декември 2020 имаме одземена вредност. Во периодот од 1 јануари 2007 – 31 декември 2016 се задолжуваме но економијата расте, а во периодот 1 јануари 2018 – 31 декември 2020 се задолжуваме но економијата паѓа.

Ако некој имал дилема каде завршуваат парите кои ги позајмува владата предводена од Зоран Заев пред, за време на избори, но и после избори одговорот е во три збора: криминал, корупција и поткуп.

П.С: слабо со лекцијата за економија, држете се до лекцијата евро за евро, тука сте најсилен, но за кратко…, а потоа следи одговорност!

ЕУРО 2020

Македонија