сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 32
home Вести

Мицкоски: Ако е потребно да ги издржиме овие измами и црна кампања од власта, нека знаат дека подготвен сум да ја платам секоја цена за слободата и новата заедничка иднина

Мицкоски: Ако е потребно да ги издржиме овие измами и црна кампања од власта, нека знаат дека подготвен сум да ја платам секоја цена за слободата и новата заедничка иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Скопје истакна дека доколку е потребно да се издржат сите измами и црна кампања на власта ќе го стори тоа и дека е подготвен да ја плати секоја цена за слободата и новата заедничка иднина во Македонија.

– Многумина ме прашуваат дали ме вознемируваат оние црни кампањи против мене и моето семејство, оние обвинувања, крици на лаги и страшни измами. Мојот одговор е до нив и до сите нивни привезоци, многу сум спокоен затоа што знам дека е ова последица на очај, последните чекори на апаратот којшто губи и сака да повлече сè со себе. Тие на тој начин го губат и своето достоинство., истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека власта со црната кампања и лагите само си го покажува вистинското лице, но од поразот нема да избегаат.

– Кога измислувате и објавувате набрзина нашкрабани  фалсификувани документи, кои треба да ги обезвреднат моите соработници. И кога го разгорувате огнот на меѓуетнички тензии, и кога ја делите Македонија само за да си ги спасите кариерите. И кога го делите Скопје, и кога на скопјани им велите дека згрешиле, дека не знаеле правилно да заокружат. И кога го плашите народот дека доаѓа крајот на светот, само затоа што се ближи вашиот политички крај. Дури и тогаш кога не излегувате од минатото уште посилно закопувајќи се во сопствената кал. Си го покажувате вистинското лице поради што ќе доживеете пораз, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски истакна дека е подготвен да ја плати секоја цена доколку таа значи остварување на сонот кој го сонуваме 30 години и новата иднина за која се бориме.

– Подготвен сум да ја платам секоја цена, затоа што народот е нашата сила, А НИЕ НЕГОВАТА, и затоа што новата иднина е нашиот сон од кој нема да се откажеме. Еве ви кажувам, ќе ја платам секоја цена Нема никогаш да го разочарам овој народ кој во срцата носи јад, болка, разочараност, но и повторно раѓа надеж за промени. Ова е наша битка, секој ден, секој час. Да ги менуваме работите. Затоа што секој ден од оваа кампања сум по градовите и селата. Поминав илјадници километри, и овде пред вас го носам гласот на секој еден човек од нашата заедничка Македонија.

Коронавирус