сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 99
home Вести

Мицкоски: 4 години нема ниту една нова инвестиција во Штип, на времето се градеа Универзитети, фабрики и патишта, сега не можат ни тоа да го зачуваат, а не пак да изградат ново

Мицкоски: 4 години нема ниту една нова инвестиција во Штип, на времето се градеа Универзитети, фабрики и патишта, сега не можат ни тоа да го зачуваат, а не пак да изградат ново

Најпрво ќе ми дозволите од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите македонски граѓани да им го честитам денешниот ден, да им го честитам празникот кој што ја симболизира Македонската револуционерна борба. Практично ден со кој што сите македонски граѓани се горди бидејќи на овој ден е создадена организацијата која што понатаму се борела за независна современа македонска држава. А неминовен дел и нераскинлива алка на 23 Октомври е практично Штип и можеби би рекол еден од основните и фундаменталните алки кои што се некако историски поврзани со Македонската револуционерна организација и денеска сме овде во Штип, ако започнавме со оној собир пред собранието каде што рефлектиравме одредени позиции за актуелни теми на ВМРО-ДПМНЕ, за актуелни теми кои што се реалност за граѓаните, изјави денеска од Штип лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Денеска овде од Штип сакам да упатам и останати три пораки кои што се може исто така значајни. Патувајќи наваму од соработниците дознав дека ниту еден претставник од владата од високото раководство на СДСМ кој што е платен од парите на граѓаните денеска не одвои неколку минути да положи цвеќе на спомениците кои што ги рефлектираат позициите на јунаците, дејците, на апостолите кои што животот го дадоа за македонскиот народ, за граѓаните на Македонија, за современата македонска држава. И тоа е за секаква осуда и јас навистина жалам што после едни такви наместени талибански украдени избори денеска ова раководство себеси си се нарекува влада во Македонија.

Втората позиција која што сакам да ја кажам е токму овде од Штип и за Штип бидејќи во минатото бевме навикнати на успеси на проекти, нови фабрики, универзитети, луѓе кои што беа среќни и кои што беа задоволни од секојдневието. Но, за жал денеска ние не можеме 4 години веќе да се пофалиме, дури не можеме ни да го одвоиме тоа што на времето беше изградено за Штип, да го зачуваме и тоа да го надградиме, а камо ли да зборуваме за нешто што е ново изградено, некој нов пат некоја нова улица, некоја нова фабрика. Напротив, гледаме како фабриките се затвараат, луѓето се разочарани а за жал се помалку има студенти, се помалку има штипјани во Штип. Својот леб, лебот за сопственото семејство го бараат надвор од Штип, надвор од Македонија.

И третата последна работа и порака која што сакам од овде, од Штип да ја пренесам, е фактот што ВМРО-ДПМНЕ на изминатите избори победи, победи и на претседателските избори и на првиот и на вториот круг, а така ќе биде и следните предвремени градоначалнички избори кои што ќе се случат овдека во Штип.

Кандидатот кој што ќе го предложи ВМРО-ДПМНЕ, очекуваме поддршка од сите штипјани, практично од сите оние кои што денеска се незадоволни од изминативе три години раководење на актуелниот министер за транспорт и врски, а поранешен за среќа на штипјани градоначалник, тоа е господинот Бочварски.

Да престанат олигарси, да престанат бизнис семејни интереси во Штип, да престанат бизнис семејни транзициони интереси низ Македонија рефлектирани низ семејствата кои што во Штип изминатиов период практично пустошат а штипјани се тие кои што се незадоволни од таквиот начин на однесување.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ на следните предвремени градоначалнички избори очекува масовна поддршка од штипјани што впрочем и ќе значи нов ветар, нова енергија која што ќе ја навести и победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следните локални избори кои што ќе се случат за помалку од една година од денес. Штип во минатото секогаш бил предвесник на промените, така ќе биде и овој пат.

Во Штип на следните градоначалнички избори се брани Македонија, тоа не се обични избори и затоа ги повикувам штипјани да излезат и заедно во првите редови да ја одбраниме Македонија од ова денешно секојдневие кое што и се случува, секојдневие на пљачка, криминал, корупција, понижувања и омаловажувања.

Да победат проектите, да победи новата иднина, вистинската иднина, и за Штип и за Македонија, истакна Мицкоски.

Најнови вести

Коронавирус