четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: 23 Октомври е датумот со златни букви испишан во нашата историја, а со сила, труд и постојаност одново ќе ја донесеме обновата на Македонија

Мицкоски: 23 Октомври е датумот со златни букви испишан во нашата историја, а со сила, труд и постојаност одново ќе ја донесеме обновата на Македонија

Одново сме пред голем предизвик, овој пат судбоносен за иднината на нашата земја. И има две работи кои се јасни, првата, никогаш нашиот народ не живеел потешко време, и втората….Ќе паднат! Им се гледа крајот. Ќе паднат силно, ќе бидат поразени од народот, а ВМРО и народот ќе победат, а така ќе победи Македонија. А ова е тоа финале кога мора да се испорача цехот, цехот на сите неправди, прогони, ужасувања, за сите лаги и измами, за потта која остана неплатена, за сиромаштијата и тешкото време кое го донесоа, ова денеска од Прилеп на Денот на македонската револуционерна борба го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-ВМРО помина низ сите премрежја и сите искушенија, и еве не во оваа преполна сала, со кренати глави велиме ќе победиме, ќе победиме и ќе ги засукаме ракавите за нашата заедничка иднина. ВМРО-ДПМНЕ не е само нашата партија, тоа е кодот на Македонецот, организацијата која во историјата и ги даде најдобрите синови и ќерки на нашата земја. Чувар на огнот за Македонија веќе 126 години, од кој 29 години таа битка ја води ВМРО-ДПМНЕ и таа челична пркост која во историјата поместуваше планини, тој труд која создаде обврзаност кон каузата, тоа постојанство кое донесе слобода. Таа обнова која денес и треба повеќе од било кога на Македонија, за да се препороди, развие, за да изградиме здраво и витално општество. Гоце Делчев велеше „трудот и постојанството, тоа е силата со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива“. Тоа е решението почитувани пријатели, кратко и јасно. Ни треба работа, и ни треба постојаност!, вели Мицкоски.

Тој додава дека нам ни треба работа, работа и работа за да одиме напред. Само работата ги движи процесите, без работа нема напредок, без работа нема ништо. Опиеноста, мрзеливоста, комодитетот не носат успеси, тие се аномалии, и тие ги оставаме на нашиот политички противник. Ние сме за работа, нас не не плашат непроспани ноќи, жртвување на слободното време и посветување на татковината, не не плаши потта која треба да ја пролееме. Не, нас не инспирира можноста заработа, ние смело ја очекуваме.

-Постојанството за кое говореше Делчев, постојаноста е извонредно битна, и значи пред се да бидеш стабилен, да не лажеш, да не говориш измами, да не нудиш лажни очекувања на народот за потоа да не ги исполниш и мува да не те лази за тоа, како што прави арамиската влада. Постојанството значи да бидеш горд на своите предци, на нашите херои, на идејата и делото на организацијата, на македонизмот кој е дел од нашата душа. Да бидеш постојан и во работата, постојан во грижата, постојан во бранењето на националниот интерес. Постојанството значи и да постоиш, и опстоиш како Македонци, како слободни индивидуи со почит кон своето постоење и минато. 23 Октомври е датумот со златни букви испишан во нашата историја, и таа сила, труд и постојанство денес одново не крева за да ја донесеме обновата која насушно и треба на Македонија. 23 октомври е инспирација, но и потсетник колку е скапа слободата која е издвојувана, но и колку треба да ја чуваме Македонија, рече Мицкоски.