понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 57
home Вести

Мицкоски: 2020-та е една од најлошите години за граѓаните, КОВИД, криминал и многу неуспеси за државата

Мицкоски: 2020-та е една од најлошите години за граѓаните, КОВИД, криминал и многу неуспеси за државата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Клан истакна дека изминатава 2020 година за Македонија и за нејзините граѓани беше една од најлошите години, и тоа не само заради корона кризата, туку и поради криминалите кои власта ги спроведува, но и неуспесите и понижувањата кои секојдневно ги приредува.

-Оваа година е можеби една од најтешките кои што ги паметам, не само поради КОВИД пандемијата, туку и поради сето она што кај нас се случуваше и покажа дека практично системот не може да прифати и не може да се справи со еден ваков тип на криза која што нас ни се случуваше изминатава година, истакна Мицкоски.

Тој потенцираше дека имаме руинирано здравство, имаме катастрофа во образованието, имаме економска рецесија имаме луѓе кои што умираат, рекордери сме на Балканот по бројот на заразени и на починати луѓе, последни ќе ја добиеме вакцината.

Токму тој затоа вели дека ова е можеби една од најлошите години кои ги памети, бидејќи власта не успеа да се справи со кризата, а во меѓувреме носи неуспеси и криминали на секој чекор.

Коронавирус