вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 135
home Вести

Мицкоски: 12 април е вториот 8 Септември за Македонија: Ќе успееме!

Мицкоски: 12 април е вториот 8 Септември за Македонија: Ќе успееме!

Дваесет и осмата годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја затвори претседателот на партијата Христијан Мицкоски со најава дека 12 април следната година ќе биде вториот 8 Септември за Македонија. Тој пред младите не криеше дека следува тешка тешка работа, посебно во систем кој е навикнат на виткање кичма и ќе има отпор.

Дали ќе биде лесно? Не. Дали ќе ги решиме сите големи проблеми кои постојат? Не знам. Ама дали со сите сили ќе се бориме да успееме – е тоа Да!, и те како тоа ви го ветувам на сите вас! Верувајте во себе, верувајте дека доаѓа обновата. Затоа што обновата не е само слоган, туку нов начин на делување. Филозофија во која цврсто верувам. Обновата е среќна Македонија, горда и исправена. Земја на надеж и сигурност. Обновата е и правда, безусловна правда. Нов начин на функционирање, искреност, чесност и честитост. Македонија е нашето се. Да ги поразиме оние кои носат порази. Изборот е Заев или Македонија. Народот ќе ја одбере Македонија.

12 април е денот кога ќе треба Македонија да стане. Да биде на нозе, тој е вториот 8 Септември за нашата татковина. Да покажеме кичма, да победи моралот, сонцето да се вее и да свети најсилно. Македонија тоа го може, затоа што таа е нашето се. И за нејзе вреди секоја секунда од нашите животи. Да го дадеме последниот атом од нашата сила, да се избориме за среќна иднина. Знам дека ќе победиме, и знам дека Македонија ќе ја исправиме. Таа енергија ја гледам, и ја чуствувам.Кажете им на сите луѓе, старо и младо, ова е наша битка и битка на нашата генерација. И ова е битка на мојот живот за она во што верувам, за она што ме воспитале моите родители, за она што ги одгледувам моите деца, овде се работи за сон, идеа и цел, а тоа е Македонија. Македонија достоинствена, наша, заедничка, обновена, почитувана. Горда, заврши Мицкоски.