петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 164
home Вести

Мичел пристигнува во Скопје

Мичел пристигнува во Скопје

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел во текот на следната недела ќе престојува во посета на Скопје, потврдија за МИА од Министерството за надворешни работи.

Мичел за време на посетата ќе се сретне со шефот на македонската димпломатија Никола Димитров.

Од МНР не прецизираа кој ден од следната недела Мичел ќе престојува во Скопје.

Српскиот весник „Новости“ претходно објави дека САД подготвиле пакет предлози за односите на Србија и Косово, кој ќе биде претставен при посетата на Мичел на регионот.

Коронавирус