вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 201
home Вести

Мицевски: Заев и Ангеловска го скроија најрасипничкиот буџет во историјата на Македонија

Мицевски: Заев и Ангеловска го скроија најрасипничкиот буџет во историјата на Македонија

„Зоран Заев и Нина Ангеловска го скроија најголемиот, најрасипничкиот, најкоруптивниот и  најнеразвојниот буџет во историјата на независна Македонија. Удираат по џебот на граѓаните, собираат пари за луксузирање, а капиталните инвестиции им се помали и од најлошите години. Власта за 2020 година предвидува да потроши неверојатни 4 милијарди евра. Буџетот за идната година е поголем за 200 милиони евра од буџетот за оваа година, а сумата која се одвојува за капитални инвестиции и процентуално и номинално е помала од сумата која беше предвидена за оваа година“. Ова денеска го изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој смета дека “Треба да се има проекти за да се оспособат младите луѓе, тоа е капитал, а вака тие се само потрошувачи. Овој буџет не создаваат услови за капитал а што имаме ние, во услови кога се зголемува буџетот,  се намалуваат инвестициите“’.

„Заев и Нина Ангеловска во услови кога го зголемуваат буџетот за 200 милиони евра, наместо да покачат, ја намалуваат ставката за капитални инвестиции за 43 милиони евра. За споредба, пред доаѓањето на власт на оваа најмеспособна гарнитура, ставката за капитални инвестиции изнесувала од 10 до 15% од буџетот, а сега минатогодишните 6,5% ги намалуваат на 5% од буџетот. Тоа е рамно на катастрофа. Се  предвидуваат над 200 милиони евра повеќе, а ниту евро повеќе за автопати, железници, гасоводи. Нема пари за развој, но има за изборен поткуп“ – рече меѓудругото Мицевски.

 

Коронавирус