вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: За Заев не е приоритет здравјето на граѓаните и економијата, туку обид за брзи избори

Мицевски: За Заев не е приоритет здравјето на граѓаните и економијата, туку обид за брзи избори

Никола Мицевски поранешниот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во Телевизија 24 денеска, истакна дека со обидот за спроведување на брзи избори од страна на власта се загрозува општото здравје на граѓаните кое на Заев како реформатор на судството не ми е приоритет.

Мицевски критикуваше дека за човекот кој еден период се претставуваше како претседател на телото за реформи во судството, за него сега приоритет не е здравјето на граѓаните, туку брзи избори.

-Веројатно реформаторот на судството пробува да спроведува избори, а со тоа ќе го загрози општото здравје на граѓаните, на ВМРО-ДПМНЕ не му е приоритет избори, приоритет број еден се здравјето на граѓаните, економијата, стабилизање на претпријатијата, вбризгување на пари во економијата.

Тој истакна дека за евентуален нов датум за избори, рокови и други отворени прашања во однос на ова, треба да се договорат консензуално политичките партии како што беше договорен датумот 12-ти април.

Во однос на иницијативата за заседавање на Собранието, Мицевски се повика на Одлуката на Уставниот суд од 25 мај 2016 година во точка 8 која вели: Со Уставот не е утврден мандатот на пратениците во Собранието да продолжи во случај на распуштање на Собранието, ниту е предвидено во таков случај тие да продолжат со должност. Според тоа не може да постои било какво одлагање на распуштање на собрание, а со тоа и одложено губење на мандатот на пратениците, вели тој.

Мицевски посочи исто така дека проблемот е во владеачката коалиција, кога имаше потреба се подржуваа одредени закони,а сега се настапува со спротивставени ставови, политичка битка, наместо да се решаваат проблемите на граѓаните.

ЕУРО 2020

Македонија