вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 165
home Вести

Мицевски: Во Собранието се случува хаос, истиот хаос кој што владата на СДСМ го направи во државата

Мицевски: Во Собранието се случува хаос, истиот хаос кој што владата на СДСМ го направи во државата

-Денешната седница закажана за 11 часот, се одложува 3 часа до сега. Владеачкото мнозинство неможе да најде доволен број на пратеници за да има кворум. Поднесувате закони и вчера до 19 часот имаше само 24 закони. Денеска господине Џафери кога веќе се повикувате на општата атмосфера околу изборите кои што треба да се случат во април, а собранието треба да се распушти на 12 февруари, да ве потсетам дека во склопот на атмосферата за избори спаѓа и донесувањето на законски решенија кои што патем речено на оваа седница ќе поминат нешто повеќе од 100 закони, затоа што ние примавме закони до 14 часот, се обрати од собраниската говорница координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Мицевски рече дека во Собранието се случува хаос.

-Затоа кога повикувате на скратени постапки, на општа атмосфера, да имате во предвид дека во Собранието се случува хаос. Истиот оној хаос кој што владата на СДСМ го направи во државата. За пример ќе го кажам законот за Агенција за разузнавање кој што е пуштен во редовна постапка, денеска го пуштате во скратена постапка. Закон кој од 1995 година не е променет, а денеска на десет дена пред распуштање на собранието го пуштате во скратена постапка, без консултации со опозицијата и без можност за одредени дискусии. И не само овој закон, хаотични се поголемиот дел од законите кои што ги поднесувате. Затоа би ве замолил кога закажувате седница да разгледаме што е приоритетно за во собрание. Но, очигледно различни ни се приоритетите. Законот за опојни дроги на пример, кои што се приоритети за одредени луѓе од владата и власта, треба да ги чувате да поминат во наредниот нов собраниски состав, рече Мицевски.

Најнови вести

Коронавирус