вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 49
home Вести

Мицевски: Во 21 век водовод и канализација не треба да останат нерешени проблеми во населени места

Мицевски: Во 21 век водовод и канализација не треба да останат нерешени проблеми во населени места

Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подбра македонија“ на денешната собраниска седница за ребаланс на буџетот зборуваше за поднесениот амандман за уредување на каптажите за вода во село Џепшите и Отишани и амандманот водоводна линија во село Могарче во општина Дебар.

-Овие амандмани се поднесени со Трајче Димков од причина што граѓаните на овие населени места во еден разговор при една наша посета ги побараа како приоритетни проблеми. И она што го разговаравме досега е во контекс на тоа дека во 21 век водовод и канализација не треба да останат нерешени во населени места кадешто има жители и каде што се овие приоритетни проблеми, истакна координаторто Мицевски.

Тој додаде дека е секако ќе има изговори од министерсвото за финасии и аплеираше во изготовка на наредниот буџет да се планираат овие средства.