петок, 14. мај 2021. Вести денес: 3
home Вести

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ прави се за помошта од петтиот пакет мерки да стигне до граѓаните и го повика парламентарното мнозинство да покаже добра волја за тоа

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ прави се за помошта од петтиот пакет мерки да стигне до граѓаните и го повика парламентарното мнозинство да покаже добра волја за тоа

Координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во денешната “Тема на денот” на Сител телевизија, рече дека на утрешната седница за изгласување на петтиот пакет мерки сите 44 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат присутни. И се надева дека нема да се повтори сцената од четвртокот.

-На утрешната седница во Собранието сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат присутни во Собранието. Доколку немаат мнозинство ете 44 пратеници ќе бидат во пленарната сала и дајте да го изгласаме овој петти пакет на мерки. За 32-тата седница нема да бидеме внатре. Работата на претседателот е да констатира дали има кворум или нема за 32-тата седница и доколку нема ја прекинува, ја презакажува за некој нареден период и преоѓа на следната. Дајте луѓе да ги изгласаме петтиот пакет мерки, ме среќаваат луѓе на улица помош бараат, посочи Мицевски.

СДСМ цело време зборува дека опозицијата правела се за помошта да не стигне до граѓаните, а обратно е ВМРО-ДПМНЕ прави се за да помошта стигне до граѓаните, изјави Мицевски. Требаше само претседателот на Собранието да ја прекине таа фамозна 32-ра седница и да прејде на 36-тата.
-Знаете ние какви предлози имавме за граѓаните кога се гласаше буџетот. Еве на пример бесплатни ПСР тестови. Дали тоа не е за граѓаните? А беше одбиено од парламнетарното мнозинство. Имавме барање за набавка на нови медицински возила и тоа беше одбиено. И третото беше запослување на сите незапослени медицински лица. И тоа беше одбиено, рече Мицевски.

Мицевски се надева дека утре нема да се повтори сцената од четвртокот и ќе се изгласа петтиот пакет мерки.

Коронавирус